ALKALOID Becutan подлоги за повивање 7/1
190 денПодлогите за повивање Becutan имаат едноставна и практична примена, која овозможува промената на пелените да се одвива во хигиенски услови. Истовремено ги заштитуваат површините на кои се повива бебето или, пак, на кои престојува подолго време, заради поудобна игра на подот, заради заштита на детското седиште во автомобилот, како и заради заштита на бебешката количка.
ALKALOID Becutan пудра за деца
125 денALKALOID Becutan пудрата за деца го впива вишокот на влаги и ја заштитува кожата од појава на црвенило, особено на делот на препоните. Се нанесува на сува и чиста кожа. Погодна и за возрасни чија кожа е подложна на црвенило.
ALKALOID Becutan хидратантно млеко за тело, 400ml
235 денЈа хидратизира и ја негува нежната детската кожа штитејќи ја од исушување. Се нанесува на чиста и на сува кожа по капењето. Неутралниот pH фактор ја одржува природната влажност на кожата дури и при секојдневно капење. Идеален е за употреба и кај возрасни со чувствителна кожа.
ALKALOID Becutan шампон за деца, 200ml
125 денALKALOID Becutan шампонот за деца нежно ја чисти косата давајќи и мекост и свиленкаст сјај. Идеален е за секојдневна употреба и кај возрасни. Неутралниот pH фактор го одржува природниот баланс на косата и на скалпот.
ALKALOID Becutan шампон и пенливо срeдство за капење 2 во 1, 200ml, 400ml
155 денBecutan шампон и пенливо средство за капење на деца 2 во 1 со екстракти од алое вера и пченични ркулци. Идеална комбинација на 2 производи во 1: нежно ја чисти косата, како и чувствителната детска кожа.
ALKALOID Betadine 1%, раствор за гаргара
225 денALKALOID Betadine 1% растворот за плакнење уста и грло како активен принцип содржи повидон-јод, комплексно соединение на поливинил пиролидонот и јод.
ALKALOID Betadine 10%, раствор за кожа, 100ml
240 денБетадине растворот за дезинфекција и чистење на кожата како активен принцип содржи повидон-јод, комплексно соединение на поливинил пиролидонот и јод.
ALKALOID Betadine 200mg вагитории, 14 вагитории
150 денBetadine вагиториите се индицирани за симптоматско ублажување на вагиналната надразнетост, чешање и осетливост (неспецифичен вагинитис), вагинитис заради мешана инфекција, вагинитис предизвикан од Candida albicans и Trihomonas vaginalis.
ALKALOID BioKrill Active, 30 меки капсули
415 денALKALOID BioKrill Active – извор на крилово масло е антарктичкиот крил (Euphausia superba) кој претставува вид морско ракче. Крилот припаѓа на видот зооплактонски организми, со најголема биомаса во светот, кои се среќаваат во чистите, длабоки води на Антарктикот. Се хранат со фитопланктон и се многу побогати со хранливи материи, во споредба со останатите морски видови кои се користат во исхраната на луѓето.
ALKALOID Blokmax 200mg
130 денALKALOID Blokmax се употребуваат при главоболка, болки во грбот, менструална болка, забоболка, невралгија, ревматска болка, мускулна болка, мигрена, симптоми на настинка и грип, покачена телесна температура и болки предизвикани од полесни форми на артритис.
ALKALOID BlokMAX Duo 200mg/500mg, 10 таблети
180 денALKALOID BlokMAX Duo содржи две активни супстанци: ибупрофен и парацетамол. Ибупрофенот спаѓа во групата лекови познати под името нестероидни антиинфламатори лекови (НСАИЛ) НСАИЛ дејствуваат така што ја ублажуваат болката, го намалуваат отокот и покачената телесна температура.
ALKALOID BlokMAX For Kids, сируп за деца
230 денALKALOID BlokMAX For Kids сируп за деца содржи ибупрофен кој претставува нестероиден антиинфламаторен лек. Се употребува како аналгетик (лек против болка) за намалување слаба до умерена болка, како на пр: болка во грлото, болка при растење на забите, забоболка, болка во увото, главоболка, болка при помали повреди (на пр. искашлувања, истегнувања).