Парацетамолот е аналгетик којшто дејствувајќи на поинаков начин од ибупрофенот ја ублажува болката и ја намалува покачената телесна температура. Лекот блокмакс дуо се употребува краткотрајно, за ублажување лесна до умерена болка, како на пример мигренозна болка, главоболка, болка во грбот, менструални болки, забоболка, ревматска и мускулна болка, болка при поблаги артритични состојби, како и за ублажување на симптомите на настинка и на грип, на болките во грлото и за намалување на покачената телесна температура.
Состав:
– ибупрофен
– парацетамол

