УСЛОВИ И ПРАВИЛА

Ве молиме внимателно прочитајте ги Условите за користење. Со користење и посета на страниците на www.aptekibruno.mk и нивната содржина, се подразбира дека свесно ја прифаќате истата, како и сите последователни промени, без претходна најава и известување.

Вие како корисник се обврзани да ги прочитате Условите за користење, а вашата посета / користење на страницата се смета за целосно прифатена. Не користете ги услугите на начин на кој некој може да биде повреден или материјално оштетен. За сите производи понудени на сајтот постои објавена слика и основен опис на производот. Овие услови го регулираат процесот на нарачување, плаќање и испорака на производи што се продаваат преку нашиот онлајн продавач.

1.   Контакт

ПЗУ Аптека „Аптека бруно”,

телефон: (045) 223-834

Работно време Е-аптека: 07:30-21:30 часот

E-mail адреса: info@aptekibruno.mk

2.   Општи правила и услови за користење на www.aptekibruno.mk

Купувачот ги разбира и ги прифаќа правилата дека услугите и информациите на web страницата се приложуваат такви какви што се. За да се користи www.aptekibruno.mk купувачот мора да има пристап до интернет дирекно или преку некој друг уред кој има пристап до интернет. www.aptekibruno.mk не презема никаква одговоронст за нарушувањата или техничките  проблеми (предизвикани од електронските апарати на корисникот) кој ја попречува употребата на web страницата

3.   Референци

Производите се нарачуваат со избирање, со користење на менито “кошничка” и пополнување на електронската форма. Ако нарачаниот препарат не сме во можност да ви го доставиме, ќе бидете контактирани во најкраток можен рок и во договор со вас ќе ви биде понудена замена или ние ќе го отстраниме препаратот од вашата кошничка во договор со вас. Вашата моментална нарачка е прикажана на страната Моја сметка. Оваа страна покажува детални информации за препаратот, количината и цената. Сите препарати што сте одлучиле да ги купите се наоѓаат на страна наречена “кошничка“.

4.   Испорака

За потрошувачите од цела Македонија, доставата е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари, а за нарачките со пониска вредност, испораката е 120 денари. Нарачките комплетирани пред 13 часот се доставуваат за 24 часа. Нарачките направени после 13 часот пристигнуваат за 48 часа. Исклучоци од ова правило се празници и неработни денови.

Аптеката не презема одговорност во случај на задоцнување во испораката поради неточна или нецелосна адреса, виша сила или сообраќајни проблеми.

5.   Одговорност на корисникот при регистрирање

Кога се користи web страницата корисникот е должен да обезбеди точни, прецизни лични информации кога ќе пополнува формулар за регистрација. Доколку се дадат погрешни информации, лажни или нецелосни www.aptekibruno.mk го задржува правото за нивно поништување и бришење. Сите дадени податоци се заштитени со закон и можат да се прочитат во политика на приватност.

6.   Купување на производ од www.aptekibruno.mk

Купувачот има можност за купување производ од големиот асортиман на www.aptekibruno.mk. Кога се прави нарачка купувачот може да одбере продукт и количина според можностите на web страницата, исто така може да го смени производот во било кое време ПРЕД да го реализира плаќањето однсно нарачката.

7.   Плаќање на производот

Сите цени во оваа web-аптека се конечни на денот на нарачката и во нив веќе е вклучен ДДВ. Сите цени се изразени во денари

Плаќањето на производите се врши со:

1. кредитна/дебитна картичка,

2. во готово, на врата, при превземање на пакетот од курирската служба што ја врши доставата.

8.   Информации за производот

Информациите за производите понудени на веб страната се преземаат од декларацијата за поединечни производи, прирачници за внатрешен производ или преземени од материјали (брошури, летоци, веб-страници) кои ги уредува производителот, увозникот или снабдувачот на одреден производ. Ние се стремиме да обезбедиме што е можно попрецизни и подетални информации за одреден производ. Го задржуваме правото на грешка во описот или фотографијата на секој производ.

Откако ќе купите било кој производ од оваа веб-страна, препорачуваме внимателно да ги прочитате упатствата на производителот и да ги употребувате производите онака како што е назначено во приложеното упатство.

9.   Изјава за безбедност

/ aptekibruno.mk е обврзана да не злоупотребува лични информации од формуларот за нарачка. Личните податоци се сметаат за сите податоци што го идентификуваат идентитетот на купувачот (на пример, име и презиме, адреса за е-пошта, адреса на живеење итн.). Аптека  / aptekibruno.mk нема да обезбеди или открие информации за клиентите на трети лица.

10.   Безбедност на податоците

Сите информации за клиентите се строго чувани и достапни само на вработените na кои им се потребни овие информации за да ги извршуваат своите активности. Сите вработени во  / aptekibruno.mk и деловните партнери се одговорни за почитување на принципите на заштита на приватноста.

/ aptekibruno.mk е посветена на обезбедување на заштита на личните податоци на корисникот на начин што собира само основни информации за клиентите кои се неопходни за исполнување на обврските.

Во случај на промена на некој од личните податоци (на пр., Местото на живеење, адресата за испорака) која е регистрирана при регистрација, купувачот е должен да ја извести  / aptekibruno.mk за секоја промена.

11.    Други услови

Условите за продажба може да бидат променети и без претходна најава. Сите потврдени нарачки ќе бидат доставени под условите што важат во моментот на потврдување на нарачката. Здравствената установа “ПЗУ ” / aptekibruno.mk го задржува правото да не испорачува препарати врз основа на нарачки со нецелосни и / или неточни информации.

12.   Според законот за лекови и медицински помагала (Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година)
„Се забранува промет преку Интернет со лекови кои се издаваат на рецепт, каков било промет со фалсификувани лекови, како и промет со лекови за кои постои основано сомнение дека се фалсификувани. Директорот на Агенцијата го пропишува начинот на идентификација на фалсификуваните лекови, нивното отстранување од промет, информирањето на надлежните институции и медицински центри и нивното уништување.“