Бетадине (повидон-јод) спаѓа во групата антиинфективни средства. Познат е и како антисептик и дезинфициенс. Ефективен е против голем број бактерии, вируси, габи, протозои и спори.
Вагиториите Бетадине може да се користат за лекување:
– Акутни и хронични вагинални инфекции (вагинитис), како последица на мешовити или на неспецифични инфекции
– Инфекции предизвикани од габи (Candida albicans), особено по антибиотска и по стероидна терапија
– Инфекции предизвикани од Trichomonas vaginalis
Состав: Активна супстанција: повидон-јод. Една вагиторија содржи 200 мг повидон-јод микронизиран, еквивалентен на 20 мг расположлив јод
Помошни супстанции: макрогол 1000.
Пакување: 14 вагитории.