Бетадине 1% растворот за гаргарауништува бактерии, спори, габи, протозои и вируси. Растворот се користи:
– за превенција и за терапија на инфицирани воспалителни состојби на устата, вклучувајќи стоматитис, гингивитис, афтозни улцерации и монилијазни (кандидијазни инфекции
– за превенција и за терапија на инфицирани воспалителни состојби на грлото, вклучувајќи фарингитис, тонзилитис, вообичаени настинки и инфлуенца (грип)- кои се манифестираат како воспаление на грлото, со симптоми како што се гребење или иритација на грлото
– за заштита на устата во текот на хирушка интервенција и по неа, односно по тонзилектомија и стоматолошки интервенци
– како дел од личната хигена, како превентивна мерка за намалување на ризикот од воздушно-капкова инфекција на горниот респираторен тракт
– за превенција и за терапија на мукозитис пред, во текот и по радиотерапија и хемотерапија
– за секојдневна примена, како средство за одржување лична хигиена
Состав: повидон-јод, 100ml раствор содржи 1g повидон-јод, еквивалентен на 0.1g расположлив јод, содржи 8-10 (v/v) етанол.