Како активна форма, пиридоксал фосфат е неопходен во метаболизмот на протеините. Игра важна улога во метаболизмот на мастите, во формирањето на хемоглобинот, како и во метаболизмот на аминокиселините нијацин и триптофан.
Витаминот Б6 таблетите се употребуваат за:
– превенција и терапија на состојби на недостиг на пиридоксин. При следните состојби потребите за витамин Б6 се зголемени и потребно е негово дополнително внесување: алкохолизам, изгореници, конгестивна срцева слабост, хронична треска, гастректомија, хемодијализа, хипертироидизам, инфекции, црвени заболувања малапсорпциски синдром, пролонгиран стрес.
– пиридоксин зависен синдром-вродени метаболни нарушувања (цистатионурија, хомоцистинурија, хипероксалурија, ксантуренична ацидурија), идиопатска сидеробластична анемија, пиридоксинска зависност кај деца, petit mal епилептоформни грчеви, хиперкинетски синдром кај деца.
– периферен невритис предизвикан од употреба на други лекови. Употребата на следните лекови може да предизвика ниски нивоа на витамин Б6. Циклосерин, хидралазин, изонијазид, пенициламин и естрогени и орални контрацептиви кои содржат естрогени.
– пиридоксинот, исто така е ефикасен за терапија на акни, себороичен дерматитис, хиперлипидемија, радијациска болест, астма, хиперемезис гравидариум за терапија на предменструален синдром, вртоглавица, синдромот на аменореја-галактореја и на синдромот на карпален тунел.
Состав: 1 таблета содржи 20mg пиридоксин хидрохлорид.