Витамин Ц и Цинк се силни антиоксиданси кои учествуваат во заштита на клетките и ткивата од оштетувања создадени како последица на напад на слободни радикали.
Витаминот Ц е многу важен затоа што има бројни улоги во биолошките процеси и позитивно дејство на човековиот организам. Благодарение на антиоксидантните својства, витамин Ц придонесува за заштита на клетките од влијание на слободните радикали и делува имуностимулативно.
Витамин Ц ја зголемува апсорпцијата на железо и придонесува за регенерација на уште еден антиоксиданс витамин Е. Цинкот е минерал кој придонесува во нормалната синтеза на протеини, нуклеински киселини и игра важна улога во метаболизмот на јагнените хидрати и масни киселини.
Значењето на цинкот се гледа во неговата улога во метаболизмот на витамин А, како и во одржување на нормалниот вид кај човекот. Цинкот има удел и во функцијата на одржување на здрави коски, кожа, коса и нокти.
Состав: една кесичка содржи 300mg витамин Ц и 10mg цинк.