Глукозаминот е амино шеќер кој се создава во телото по природен пат. Тој е главна состојка на ’рскавицата во зглобовите. Со стареење способноста на телото за обновување на оштетните зглобови се намалува, што се поврзува со зголемена склоност кон разни механички повреди и дегенеративни промени на зглобовите структури.
Глукозаминот е присутен во ракчиња, школки, животински коски и коскена срцевина. Ја стимулира синтезата на ‘рскавицата во зглобовите преку создавање на шеќери со долги ланчи-гликоаминогликани. Ја инхибира разградбата на ‘рскавицата со што помага во ублажување на болката и воспалението на зглобовите. Витамин Е спаѓа во групата на витамини растворливи во масти.
Делува антиоксидативно односно ги заштитува клетките од штетно дејство на слободните радикали и помага при забавувањето на процесите што ги оштетуваат клетките. Форвита флекси актив помага во одржување на функцијата на зглобовите, коските и коскеното ткиво.
Состав: 1 капсула содржи: 310mg глукозамин сулфат 2KCL, 240mg хондроитин сулфат, 20mg хијалуронска киселина и 5mg витамин Е (DL-а ТОКОФЕРИЛ АЦЕТАТ).