НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети се комбинација на витамините Б1, Б6, и Б12. Се употребуваат како дополнителна терапија за невритис и невралгија (невропати), како на пример: тригеминална невралгија, интеркостална невралгија, ишиалгија, лумбален синдром, цервикален синдром, синдром рамо-рака, радикуларен невритис кој се должи на дегенеративна болест на рбетниот столб, фацијална парализа.
Состав: 1 филм-обложена таблета содржи 100mg тиамин хидрохлорид, 200mg пиридоксин хидрохлорид и 0.2mg цијанокобаламин.