Активна состојка на таблетите Бедоксин е пиридоксин хидрохлорид, кој е витамин Б6. Има значителна улога во метаболизмот, првенствено на аминокиселините, но и јаглехидратите и мастите, како и при создавањето на хемоглобинот.
Пиридоксинот исто така може да се користи во лекувањето на оштетените нерви (периферен невритис) предизвикан од употребата на лекот изониазид кој се користи при лекување на туберколоза.
Состав: една таблета содржи:
Пиридоксин хидрохлорид 20 мг
Помошна состојка: лактоза монохидрат
Употреба:
Недостаток на витаминот Б6 во организмот:
Возрасни и деца над 12 години: 20 до 50 мг дневно, до три пати дневно.
Идиопатска сидеробластна анемија:
Возрасни и деца над 12 години: 100 до 400 мг дневно, поделено во неколку дози.
Периферен невритис кој е предизвикан од употребата на лекот изониазид:
Возрасни и деца над 12 години: 50 мг, три пати дневно.
Пакување: 20 таблети