Форвита Б-комплекс е комбинација на витамини од групата Б. Може да се употреба:
– за спречување на недостиг на витамини од групата Б;
– при недоволно внесување на витамини од групата Б поради несоодветна исхрана при анореакција, повраќање, шеќерна болест, заболувања на црниот дроб;
– при зголемени потреби за витамини од групата Б поради состојби на зголемена температура, инфекции, зголемена функција на штитната жлезда, зголемен физички напор, бременост, доење, исхрана претежно составена од шеќери;
– при недоволна апсорпција на витамини од групата Б поради пролив, хронични заболувања на системот за варење на храната;
– при недоволна синтеза на витамини од групата Б во цревата (земање на антибиотици и хемотерапевтици);
– при зголемена елиминација на витамини од групата Б (зголемено мокрење);
Форвита Б-комплекс се препорачува при:
– болка по должината на еден или повеќе нерви (невралгија, ишиалгија);
– истовремено воспаление на неколку периферни нерви (полинервит, особено полинервит кај алкохоличари);
– воспаление на кожата од најразлично потекло;
– воспаление на слузницата на усната празнина или јазикот;
– мамурлак заради рентгенско зрачење;
Состав
1 таблета содржи: витамин Б1 (тиамин) 1mg, витамин Б2 (рибофлавин) 1.2mg, витамин Б3 (никотинамид) 10mg, витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид) 1.4mg, витамин Б 12 (цијанокобаламин) 1.4ug, фолна киселина 100ug, витамин Б5 (пантотенска киселина) 5mg.