Форвита + Се комплексот спаѓа во групата на антиоксиданси. Антиоксидансите може да бидат во форма на ензими, витамини или минерали. Тие ги неутрализираат штетните супстанции во организмот.
Овие радикали се создаваат како резултат на изложноста на организмот на токсични и други штетни агенси, инфекции, смог, пушење, штетните сончеви зраци, радијација итн. Тие се нестабилни атоми или молекулни кои имаат штетно дејство во организмот и предизвикаат оштетување на клетките и клеточните функции.
Биолошката улога на селенот и витамините А, Ц и Е се состои во регулација на оксидо-редуктивните процеси во организмот, односно одбрана од последиците од оксидативните процеси (во кои спаѓа и стареењето).
Витамините А, Ц и Е спаѓаат во групата на антиоксиданси. Витаминот А помага во нормалното одржување на клеточните мукозни мембрани, правејќи ги поотпорни кон инфективни агенси. Витамините Ц и Е се исто така антиоксиданси кои го помагаат дејството на селенот.
Селенот е потребен за производство на антиоксидантните ензими кои учествуваат во отстранувањето на слободните радикали во и околу клетките.
Состав: витамин А 945ug, витамин Ц 55mg, витамин Е 15mg, селен 50ug.