Оралсепт растворот за промивање на уста и грло е наменет за локална употреба во усната празнина. Тој е противвоспалителен лек кој спаѓа во групата на такаречени нестероидни противвоспалителни лекови. (група на лекови кои најчесто се употребаат за ублажување на болка, пример салицилна киселина, ибупрофен и други).
Оралсепт растворот за промивање на уста и грло, делува локално во усната празнина и грлото, ублажувајќи ја болката (аналгестско дејство), локално намалувајќи ја осетливоста на лигавицата (локално анестетско дејство), и ги уништува микроорганизмите (антисептичко дејство). Поради тоа, Оралсепт, растворот за промивање на уста и грло се употребува за лекување на симптомите на болни воспалителни состојби и иритации во усната празнина и грлото (пример воспаление на непцата, воспаление на лигавицата на усната празнина, воспаление на лигавицата на грлото) и како дополнување на вообичаеното стоматолошко лекување и после вадење на заби.
Состав: 100g раствор содржи 0.15g бензидамин хидрохлорид.