Бетадине е дезинфициенс на кожата и на слузокожата, со широк спектар на дејство против бактерии, габи, вируси, протозои и против спори. Дејствува како брзо гермицидно средство за чистење на кожата/миење на рацете, против MRSA, грип, птичји грип, свински грип, SARS-коронавирус, настинки (риновируси, коронавирус) и против ебола.
Може да се користи како средство за одржување лична хигиена против вонболнички и болнички инфекции, односно против контактни воздушно-капкови преносливи инфекции. Растворот бетадине може да го користите за:
– подготовка (дезинфекција) на кожата и на слузокожата за хируршки интервенции, инјекции и за аспирации
– дезинфекција на рани спречување инфекции при изгореници, инцизии и при други локални лезии
– лекување инфицирани хируршки инцизии, инфицирани трауматски лезии, брза терапија на лацерации и на абразии, инфицирани декубитални улцери, пиодермија и секундарно инфицирани дерматози, втор и трет степен на изгореници
Состав: активна супстанција: повидон-јод, 100ml раствор содржи 10g повидон-јод, еквиваленте на 1g расположлив јод.