Silben nano repair служи како заштитна бариера во случај на образии, испукана кожа, гребаници, посекотини, мали хирушки рани, изгореници и секаков вид на неинфицирани лезии на кожата, дијабетско стопало, атлетско стопало и декупитални рани.
Silben nano repair e суспензија во вид на спреј за локална употреба со натриумова сол на хијалуронска киселина и метално сребро. Апсорпцијата на ексудатите формира околина која го потпомага природниот процес на регенерација на кожата, формирајќи заштитна бариера против микробната пенетрација. Витаминот Е и бадемовото масло потпомагаат во воспоставување на оптималното ниво на хидратација на кожата.
Состав: натриумова сол на хијалуронска киселина, метално сребро, каолин, пченкарен скроб, витамин Е, бадемово масло, дисилоксан, пропелант.

