Kалциумот е минерал за кој најмногу се зборува. Кај возрасните го има околу 1.2kg, функции на калциум во организмот се следни:
– представува структурен дел на коските
– има улога во делбата на клетките
– учествува во згрутчување на крвта
– учествува во пренесување на нервните сигнали
– важен е за контракција на мускулите
Калциум најмногу го има во коските и забите, а само 1% се наоѓа во крвта, лимфата и останатите течности на организмот.
Сите функции на калциумот се неопходни и заради тоа е потребно да се внесува во доволни количини. Калциумот допринесува за нормално згрутчување на крвта, за нормален енергетски метаболизам, нормална функција на неуротрансмисија, нормална функција на дигестивните ензими.
Калциумот допринесува во развојот на коските. Витаминот Д придонесува за нормална апсорбција и искористување на калциумот и во одржување на нормална концентрација на калциумот во крвта, придонесува за нормална функција на имуниот систем кај децата и возрасните. Заедно со калциумот потребно е да се внесува и витамин Ц. Витаминот Ц придонесува во одржување на нормална функција на имуниот систем во текот и после интензивни тренинзи, придонесува за нормално формирање на колагенот за нормална функција за крвни садови, коски, р’скавици, непца, кожа и заби, за нормален енергетски метаболизам, нормална функција на нервниот систем и нормална психолошка функција, во заштита на клетките, протеините и мастите од оксидативно оштетување, во редуцирање на заморот и исцрпеноста како и ја зголемува апсорбција на железото. Цинкот придонесува во одржување на нормални коски, нокти, кожа и коса, за нормална функција на имунитетот, за одржување на нормален вид, антиоксидант, за нормален ацидо-базен метаболизам, за нормална синтеза на ДНА.
Состав: калциум 400mg, витамин Ц 40mg, цинк 5mg, витамин Д3 2.5mcg.