Sinedol гел како активна супстанција содржи: хепарин натриум, диметилсулфоксид и декспентенол.
Лекот Sinedol се употребува во третманот на спортски повреди и друг типп на повреди, предизвикани од дејство на тапа сила врз мускулите, тетивите, синовијалната обвивка, лигаментите и зглобовите.
Sinedol се користи за третман на спортски повреди и при нарушувања како бурзитис и тендовагинтис (воспаленија на обвивката на тетивите).
Sinedol се употребува и за третман на нарушувања на: периферните вени како тромбофлебитис (воспаление на вените асоцирано со создавање на крвни згрушоци) и проширени вени со последователни промени на кожата, акутна невралгична болка и воспаленија во пределот на зглобот на рамото.
Состав: еден грам гел содржи: хепарин натриум 500 I.E. диметил сулфоксид 150mg, декспантенол 25mg.