Јекодерм маст содржи рибино масло кое е богато со витамин А неопходен за правилно формирање на епидермот.
Јекодерм ги олеснува и забрзува процесите на регенерација на иритирана и кожа оштетена од топлотни и хемиски агенси. На сува перутава кожа, јекодерм маст и ги обезбедува неопходните хранливи материи, и дава мазност и сјај и ја зголемува еластичноста.
Јекодерм маст е изработена од масни суровини од природно потекло. Јекодерм маст се применува за постигнување на епителизација и нега на кожата: се препорачува за третман на: -кожа изложена на штетни влијанија и после сончање,
– здрава осетлива кожа,
– иритација и јадеж, особено на превоите, предизвикани со триење или прекумерно потење,
– иритација и црвенило на кожата на бебињата,
– сува, перутава и испукана кожа.
Состав: 1G маст содржи: рибино масло (Jecoris oleum) 250mg.