Состав: вода, лимон, урми, смокви, ореви, соја, кокос, кромид, глицерин (растителен), целер, соја никулци, екстракт од ацерола, грашок, просо, зачини, куркума, шафран. Со потекло од сертифицирано органско земјоделство.
Нутриенти за био-регулација – претставува уникатен ферментиран течен концентрат кој содржи есенцијални аминокиселини, ди- три и олигопептиди, полифеноли и флавоноиди од органско култивирано овошје и зеленчук. Исто така содржи природен витамин Ц кој придонесува за нормално одвивање на метаболизмот.
Каскадна ферментација – Патентирана каскадна ферментација е динамичен повеќекратен ферментациски процес. Внимателно одбрани свежи плодови, ореви и зеленчук од биоземјоделството се разградуваат по природен начин со млечно киселински бактерии во последователни ферментациски фази во текот на неколку недели. Ензимите и други протеини се фрагментирани до големина која е соодветна за апсорпција. Се добиваат значајни секундарни растителни продукти со десно ротирачка млечна киселина добиена во процесот на каскадна ферментација. Природен без бои и конзерванси, алкохол, шеќер, глутен и млеко