Елементарно (карбонилно) железо го компензира недостатокот на железо во организмот и го спречува настанувањето на анемијата. Многу добро се ресорбира и добро се поднесува и во многу високи концентрации.
Фолна киселина е неопходна за растот и правилниот развој на фетусот и превенција на мегалобластичната анемија. Витаминот Ц е неопходен за апсорпција на железото и фолната киселина и повеќекратно го подобрува искористувањето на елементарното железо во организмот.
Состав: една таблета ФЕРСАН ФОРТЕ содржи 30mg елементарно (карбонилно) железо, 180mg аскорбинска киселина (витамин Ц) и 600ug на фолна киселина (витамин Б9), како активна супстанција.

