Овој лек содржи активна супстанца: дисомектит.
Дисомектит претставува прочистена природна глина што ја обложува дигестивната мукоза. Лекот е индициран за третман на:
– акутна дијареа кај деца над 2 години, во комбинација со перорална рехидратација и кај возрасни,
– хронична дијареа (долготрајна дијареа) кај возрасни,
– болка поврзана со функционални заболувања на цревата кај возрасни.
Состав: Диосмектит 3g.
Помошни супстанции: глукоза монохидрат, сахарин натриум, арома на портокал, арома на ванила.

