Сабесп содржи симетикон којшто е стабилна смеса на силиконски полимер и силиконски диоксид којашто има својство на намалување на формирањето пена и на ублажување на интестиналните гасови.
Симетикон не се апсорбира во телото преку гастроинтестиналниот тракт, не предизвикува никакви промени во системот за варење или на варењето на храната и не пречи при интестиналната апсорпција.
Сабесп се користи за ублажување на симптомите предизвикани од зголемување на стомачните и интестиналните гасови во дигестивниот процес за време на кој настанува ферментација во цревата. Сабесп се користи и како помошно средство пред дијагностички испитувања на стомачната празнина за коишто се користат техники на снимање, како на пример радиолошки техники, ултразвук и ендоскопија.
Придонесува за отсранување на гасовите и воздухот од гастроинтестиналниот тракт и на тој начин се добива подобар квалитет на снимките и полесно се поставува дијагноза.
Состав: 80mg симетикон.
