Карбомед таблети се користат за лекување на дијареа и надуеност.
Содржината во Карбомед таблетите е активен медицински јаглен.
Припаѓа на групата лекови со назив цревни адсорбенси. Активниот медицински јаглен делува така што на својата површина ги привлекува и задржува гасовите од дигестивниот систем како и отровните материи кои си создаваат предизвикувачите на дијареа. На тој начин се помага нивното отстранување на организмот.
Состав: активна супстанци е активиран јаглен. Една таблета содржи 150mg активиран јаглен.
Помошни супстанци: кармелоза натриум, магнезиум стеарат, лактоза хидрат, сахароза.