ДуоБиотик е микробиолошки препарат кој содржи жива пробиотска култура од квасец Saccharomyces boulardi и пребиотик инулин.
Габичката saccharomyces boulardi е во соодветна количина корисна за здравјето бидејќи ја регулира цревната микрофлора и спречува развој на патолошки микроорганизми, ублажувајќи ги на тој начин гастроинтестиналните тегови, како што е дијареа.
Инулин е несварлив јаглен хидрат кој служи како ,,храна,, на пробиотските микроорганизми во дебелото црево, овозможувајќи нивен подобар раст и поголема активност.
ДуоБиотик се користи како превентивна и потпорна терапија кај дијареи, надуеност и останати дигестивни пореметувања кои се предизвикани од дисбаланс на цревната микрофлора.
Состав: една капсула содржи: 250mg (5милјарди)живи пробиотички култури од квасец saccharomyces boulardii и 250mg инулин.