Пробиотиците можат да се дефинираат како моно или мешовити култури на живи микроорганизми кои внесени во препорачаната количина во организмот на домаќинот (луѓе или животни)го подобруваат неговото здравје, превенствено со нормализација на цревната микрофлора.
Цревата се населени од околу 100 трилиони на ,,пријателски,, бактерии, при што 95% припаѓаат на бактериите од млечни киселини, кои се неопходни за одвивање на основните физиолошки и биохемиски процеси во човековиот организам. Основни особини на пробиотичките соеви за хумана употреба:
– поседуваат антимикробно дејство
– отпорни се на киселната средина во желудникот и на жолчни соли
– се придржуваат на површината на цревната слузокожа
– безбедни се по здравјето
Повеќето се тоа млечно киселински бактерии кои припаѓаат на следните родови неспорогени бактерии: lactobacillus, biffidobacterium, leuconostoc, pediococus, lactococcus, enterococcus и streptococcus, спорогени бактерии bacillus sp, како и некои соеви на габи saccharomyces sp.
Пробиотиците ја населуваат слузокожата на цревата и со тоа го спречуваат населувањето на штетните бактерии.
Flonivin plus капсулите се препорачуваат: за нормализација на цревната микрофлора после употреба на антибиотици, за подобрување на имунитетот на целиот организам, кај акутни дијареи, кај упорен затвор.
Состав: 1 капсула содржи saccharomyces boulardi и bifidobacterium bifidum најмалку 5x 10cfu, цинк 5mg.