Probiotic е граничен производ кој во својот состав содржи внимателно избалансирана мешавина од 3 соја на пробиотски бактерии, природни жители на цревната микрофлора.
Што е цревна микрофлора?
Цревната микрофлора ја сочинуваат милјарда корисни бактерии, природно населени во цревата. Цревната микрофлора го штити организмот градејќи бариера против штетните бактерии, вируси и габички кои секојдневно се внесуваат со храната, нечистите раце или со контаминираните предмети и содејствува со имуниот систем секогаш кога организмот е изложен на некој штетен агенс. Имуниот систем е одбранбен систем кој го штити организмот од штетните влијанија на разни агенси од надворешната средина. Цревата претставуват најголем орган на имуниот систем кај човекот. Пробиотиците се специфични живи соеви на бактерии кои го сочинуваат делот на природната микрофлора. Пробиотиците овозможуваат варење на храната и апсорбија на хранливите матери од цревата, учествуваат во синтезата на некои витамини, го попречуваат населувањето на штетните микроорганизми во цревата, ја поддржуваат нормалната подвижност на органите за варење и го стимулират имуниот систем на цревата, со што допринесуваат во зајакнувањето на одбранбената моќ на организмот. Граничниот производ probiotic се препорачува за употреба кај возрасни и деца, посебно кога постои ризик од нарушување на природниот состав и рамнотежа на микрофлората или во состојби кога е потребно обновување на цревната микрофлора која е претходно нарушена од дејствувањето на разни внатрешни или надворешни фактори како што се вишок на желудочна киселина, жолчни соли, променета или неправилна исхрана, неадекватен квалитет на вода за пиење, земање на некои лекови, настинка и инфекции, привремена промена на местото на престој или климатските услови.
Состав: една капсула во моментот на пакување содржи најмалку 5 милјарди лиофилизирани, живи пробиотски бактерии од соевите: lactobacillus helveticus rosell-52, Lactobacillus rhamnosus rosell-11, Bifidobacterium longum rosell-175.