Една капсула содржи 4000 IU (еквивалентно на 100 ug) витамин Д (холекалциферол). Помошни состојки: сончогледово масло, желатин, стабилизатор-глицерин.
Витаминот Д е липосолубилен витамин којшто се синтетизира во кожата под дејство на УВ-светлина.Тој се претвора во 25 (OH) D во црниот дроб и понатаму до активната форма (калцитриол 1,25 (OH)2 D) во бубрезите или во другите органи. Вклучен е во метаболизмот на коските, ја зголемува апсорпцијата на калциумот од цревата, но, исто така, има и многу важна улога во нормалниот имунолошки одговор. Витаминот Д врши имуномодулаторни активности. Постојат студии коишто ја демонстрираат неговата улога во зголемувањето на способноста на вродениот имунолошки систем да се бори против патогените микроорганизми.
Витаминот Д достигнува најниско ниво во текот на зимските месеци и затоа научниците често го нарекуваат „сезонски стимул“, бидејќи ниските нивоа на витамин Д се поврзани со зголемена појава на респираторни инфекции.