Коензимот А е неопходен за метаболизмот на јаглехидратите, мастите и белковините и детоксикација на некои продукти на метаболизмот. На ниво на здрава кожа, овие процеси резултираат со зачувување на правилна функција, а кај оштетена или заболена кожа со стимулација на регенеративните процеси.
Се применува за подобрување на епитeлизација и нега на кожата кај:
– Повреди предизвикани од гребнатини и благи изгореници
– Ублажување на тегобите настанати како последица на прекумерно сончање, триење или притисок на кожата
– Иритација и јадеж, црвенило, пецкање и болка кај алергиски промени на кожата
– Нега и регенерација на суви, испукани усни и сува и огрубена кожа на рацете
– Нега и спречување на пукање на брадавици на дојки кај доилки
– Помеѓу третман со лековити масти
– Нега и регенерација на кожата оштетена поради нарушување на периферна циркулација на крвта
– Нега и регенерација на кожата по бричење и депилација
Состав:
– Декспантенол 5%