Нега на кожа: Маслото од смиљ во комбинација со бадемово масло брзо се апсорбира во кожата и длабински ја храни, хидрира и негува, при тоа враќајќи и ја природната еластичност. Ги спречува знаците на предвремено стареење и помага во подмладување на кожата. Го поттикнува процесот на природна регенерација на кожата, ја смирува надразнетата кожа и посебно се препорачува како третман за осветлување на старечки пеги и флеки или флеки од сонце. Се препорачува за нега на сите типови на кожа.
Масажа: Масажата со масло од смиљ ја намалува мускулната напнатост и опушта по долг и напорен ден.
Нега на коса: Го храни коренот на косата, спречува појава на испукани врвови, ја хидрира и јакне косата, со тоа што станува мека, сјајна и со поголем волумен