КОНТРАИНДИКАЦИИ:
Препаратот не треба да го употребуваат лица пречувствителни на некоја од состојките.
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Себореа на лице и на други делови на телото: нанесете еднаш до два пати на ден. Мажите со себореа, акне или фоликулитис на лице го употребуваат како лосион после бричење.
Акни: како самостојна терапија еднаш до два пати на ден; во комбинација со крема Проакне: навечер, на сите промени се нанесува кремата. Утредента кремата се отстранува со лосион АСКВАМ, лицето се мие со топла вода, се суши и повторно се нанесува од кремата Проакне. Постапката се повторува сè до постигнување на задоволителен резултат.
Себореа и псоријаза на поглавината: Лосион АСКВАМ се нанесува на сува коса два пати на ден во тек на два дена. Се нанесува доволна количина од лосионот за поглавината да е добро натопена. По два дена, косата се мие со шампон. Постапката може да се повторува се до постигнување на саканиот резултат.
При козметички третмани, лосионот АСКВАМ се употребува пред и по мануелна експресија на акне, пред и по депилација.
Состав:
– Alcohol,
– Aqua,
– Urea,
– Propolis,
– Calendula Officinalis Oil,
– Propylene glycol,
– Chamomilla Recutita Extract,
– Menthol,
– Pimpinella Anisum Extract,
– Juniperus Communis Fruit Oil/ Cananga Odorata Flower Extract (ylang-ylang oil).
– Прополис екстракт (Propolis extract);