Парацетамолот е аналгетик 9лек против болка) кој припаѓа на групата лекови познати како неопиоидни аналгетици. Парацетамолот исто така има аналгетично и антипиретично дејство. Хлорфенирамин припаѓа на групата лекови наречени антихистаминици кои помагаат во олеснување на симптомите кои се јавуват при алергии: секреција од нос, затнат нос, црвенило или пречувствителност на очите.
Псеудоефедрин хидрохлорид е деконгестив, кој делува на олеснување на симптомите кај затнат нос. Може да се користи за олеснување на симптоми на настинка или грип, вклучувајќи потешкотии и болка, главоболка, затнат нос и синуси и за намалување на покачена телесна температура.
Состав: парацетамол,хлорфенирамин малат и псеудоефедрин хидрохлорид.