За многу сува кожа на лице и тело: за сува кожа склона кон егземи кај новороденчиња, бебиња и деца. Може да се користи во комбинација со кортикостероиди за третман на атопична кожа.
Stelatopia емолиентниот крем е специјално формулиран: го обновува нивото на липиди и ја смирува кожата благодарение на патентираните состојки од природно потекло низ Active Lipid Replenishing Process.
Маслото од сончоглед ја стимулира биосинтезата на неопходните липиди кои обезбедуваат цврстина и непропустливост на одбрамбената клеточна мембрана. Формулација која содржи 3 липиди неопходни за зачување на заштитната бариера на кожата (церамиди, есенцијални масни киселини и прохолестерол), овозможува обновување на липидите.
Присуството на хидрирачки емолиентни состојки исто така го зајакнува хидролипидниот филм на површината на кожата. Брзо ја смирува иритацијата и помага во обновување и враќање на еластичноста на кожата.
Состав: aqua,glycerin, petrolatum, caprylic/capric triglyceride, hydrogenated vegetable oil, sucrose distearate, dextrin,helianthus annuus (sunflower)seed oil unsaponiflabes, prunus domestica seed extract, 1,2-hexanediol, candelilla cera/ euphorbia cerifera (candelilla) wax/cire de candelilla, squalane, sucrose stearate, glyceryl caprylate, xanthan gum, glucose, sorbital, persea gratissima (avocado) fruit extract, ceramide np, phytosphingosine.