Еспумисан Л содржи активна супстанца симетикон кој е гастроинтестинален агенс, кој делува како антипенесто средство и како помошно дијагностичко средство.
Неговата активна супстанца, симетикон, доведува до разградувања на меурчињата во храната и во мукусот на гастроинтестиналниот тракт. При тоа, гасот кој е ослободен за време на тој процес може да биде превземен од страна на зидот на цревата и отстранет со помош на цревната активност.
– за симптоматско лечење на гастроинестинални мачнини кои настанале како последица на насобраните гасови во системот на органите за варење флатуленција (метеоризам), чувство на надуеност и инфантилни колики (кој се јавуваат во првите три месеци во животот)
– за припрема на пациентот за дијагностички испитувања на стомачната регија како што се пр.радиолошко, ултразвучно испитување и гастроскопија
-к ако средство против пенливост кај труење од детергент.
Состав: 1ml содржат 40mg симетикон.