Помага при стерилитет и еректилна дисфункција, со екстракт од дамијана, цинк, L-карнитин и ацетил L-карнитин. Alfa Aktiv делува како:
– природен афродизијак,
– ја подобрува еректилната способност,
– ја подобрува ејакулацијата,
– придонесува за подобра подвижност на сперматозоидите,
– придонесува за подобро задржување на сперматозоидите во вагиналниот секрет,
– придонесува за полесно постигнување повеќе ејакулации по ред, со пократок постејакулаторен период,
– придонесува за поголема можност за зачнување
Состав:
Состојки во препорачаната дневна доза од 4 капсули (2,232g)
– Сув екстракт од лист од Дамијана (Turnera diffusa) = 1000 mg
– L-карнитин = 400 mg
– Ацетил-L-карнитин = 390 mg
– Цинк (zinc citrate trihydrate) = 10 mg
1. Дамијана придонесува за хормонален баланс, ја поттикнува циркулацијата на телесните течности во пределот на гениталиите и придонесува за здравјето на уринарниот тракт. Активните компоненти на дамијана ги прошируваат крвните садови, со што ги ублажуваат симптомите на еректилна дисфункција и ја одржуваат стабилноста на ерекцијата за време на сексуалниот однос. Селективните инхибитори на фосфодијестераза-5 (PDE-5) како што се силденафил, тадалафил или варденафил најчесто се користат за третман на еректилна дисфункција (ЕД). Истражувањата покажаа, за прв пат, дека препаратите со листови од дамијана ин витро влијаат на активноста на PDE-5
2. L–КАРНИТИН е аминокиселина која дава енергија и ја има во сите клетки на човековиот организам. Научните истражувања, каде што експериментите се вршени на принципот на тројна слепа проба, овозможуваат докази дека овие аминокиселини во голема мера помагаат да се реши проблемот со еректилната дисфункција. Исто така, студијата спроведена на 113 парови кои имаат проблем со плодност (поради патолошка сперматогенеза или женски полови заболувања), по употреба на L-карнитин, покажува јасно подобрување како во подвижноста на сперматозоидите во ејакулатот, така и во нивното подобро зачувување во вагиналниот секрет.
3. АЦЕТИЛ L–КАРНИТИН е аминокиселина која игра фундаментална улога во метаболизмот на мастите и нивното искористување како извор на енергија. Докажано е дека помага во решавањето на проблемот со еректилната дисфункција и придонесува за созревање и подобра подвижност на сперматозоидите. Со напредокот на истражувањата дојдено е до заклучок дека токму комбинацијата на L-карнитин и ацетил-L-карнитин делува синергистички и дава значајни резултати како во подобрувањето на подвижноста на сперматозоидите, така и во зголемувањето на бројот на сперматозоиди во преејакулатот кај идиопатска астенозоспермија, каде што најдобрите резултати се постигнуваат по три месеци.
4. Цинкот е есенцијален минерал кој е неопходна состојка во процесот на создавање хормони и одржување на нивниот баланс, придонесува за нормална плодност и репродукција, нормална синтеза на ДНК и протеини и игра улога во процесот на клеточната делба. Цинкот кај мажите природно го зголемува нивото на тестостерон, влијае на либидото и плодноста.

