Allga San тоник за масажа е природен производ со единствена формула на активни материи (етеричното масло од алгојскиот планински бор, рузмарин, жалфија, камфор и ментол). Ефикасно ги поттикнува циркулацијата во кожата и мускулите, ослободувањето на природниот кортизон, со што значително го намалува воспалението и ја отстранува болката.
Има долготраен ефект врз прокрвеноста и мускулната издржливост. По масажата со втривање, брзо се впива и длабоко продира. Не масти и не ја суши кожата. Природно ја совладува болката, без штетни последици и нуспојави, поседува хипоалерген сертификат. Особено поволно делува при ревматски тегоби, нарушувања на периферната циркулација, спортски повреди и ноќни грчеви во листовите.
Посебно е пријатен за кожата благодарејќи на рузмаринот кој ја тонизира и жалфијата која делува благо антисептично. Дивото нане и камфорот дополнително ослободуваат од болка.
Начин на употреба:
Тоникот да се нанесе на болните места и благо да се втрие односно да се измасира. Како превентива од грчеви пред спиење и превентива од воспалени мускули пред напорен тренинг.
Предупредување:
Само за надворешна употреба. Во случај на преосетливост на која било состојка, да се прекине со употреба. Да не се применува кај доенчиња, мали деца, кај отворени рани и воспаленија на кожата. Да се чува на температура до 25 степени Целзиусови, надвор од дофат на деца.