Хеморол супозитории се граничен производ кој претставува комбинација од растителни екстракти, цинк оксид и бизмут субгалат. Активните компоненти делуваат синергистички и ги ублажуват симптомите поврзани со хемороиди, како што се: воспаление, крварение, крварење, анален јадеж и анален егзем.
Растителните екстракти ја подобруваат микроциркулацијата, го подобруваат капиларниот проток и тонусот на крвните садови и го зајакнуваат сврзното ткиво на периваскуларниот аморфен супстрат. Делуват антиоксидантно, антиинфламаторно и антиедематозно. Цинк оксидот и бизмут субгалатот делуваат астрингентно.
Со редовна употреба на хеморол супозитории се намалува отокот, воспалението, локалното влажнење и крварење на хемороидите. Хеморол супозитории се користат при: внатрешни и надворешни хемороиди, анален јадеж, анален егзем.
Состав: 1 супозиторија содржи: 19.5mg сув екстракт од див костен, стандардизиран на 20% есецин (aesculus hippocastanum extractum siccum): 2.6mg сув екстракт од дива шимширка, стандардизиран на 5% сапонозиди, изразни како рускогени (ruscus aculeatus extractum siccum): 1.3mg сув екстракт од готу кола, стандардизиран на 10% азиатикозиди (centella asiatica extractum siccum) 2.6mg бизмут субгалат (bismuth subgallate): 1.3mg Цинк оксид (зинц оџиде).
Помошни супстанци: витамин Е, пропилен гликол и новата.

