Диосмин и припаѓа на групата на супстанции наречени биофловоноиди и се користи за стабилизација на капиларите. Флебавен содржи активни супстанции кои влијаат на активноста на вените и ги заштитуваат вените. Тие ја зголемуваат еластичноста на вените и капиларниот отпор. Флебавен ја намалува појавата на отоци и има против-воспалителни дејство.
Флебавен е наменет за употреба кај возрасни лица за лекување на знаци и симптоми на хронична венска болест, како што се болка, чувство на тежина во нозете, замор во нозете, немирни нозе, ноќни грчеви, оток и трофични промени. Исто така, флебавен се употребува и за лекување на симптоми поврзани со акутни хемороиди, како што се болка, крварење и оток во аналниот регион.
Состав: секоја таблета содржи 1000mg микронизиран диосмин.