Marisol капките за нос се наменети за лица кај кои е порометена нормалната физиолошка функција на носната слузокожа како и за одржување на секојдневна хигиена на носната шуплина.
Marisol капките ја враќаат природната влажност на слузокожата на носот, способноста за самопрочистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички дразби. Со редовно испирање на носната шуплина, наколку пати дневно, се подобрува проодноста на горните дишни патишта.
Состав: 1ml капки содржи 9mg натриум хлорид.