Активна состојка на Colief капки за новороденчиња е лактоза, ензим кој природно го има во организмот.
Што е лактаза? Млечното, млечните производи, адаптираните млека и мајчиното млеко содржат сложен шеќер нарачен лактоза. Лактаза е ензим кој се создава нормално во нашиот организам и служи за разложување на лактозата до прости шеќери: глукоза и галактоза кои може да се апсорбираат во организмот. Colief капките за новороденчиња ја разложуваат лактозата во млекото за бебето, пред да се нахрани и овозможуваат храната полесно да се свари. Студиите покажуваат дека повеќечасовното силно плачење може значително да се намали кога во вообичаениот млечен оброк на бебето ќе се додадат капките Colief. Colief капките за новороденчиња треба да се употребуваат при секој оброк се додека бебето не наполни 3-4 месеци, кога симптомите на грчеви би требало да исчезат. Colief капките за новороденчиња тогаш треба постепно да се исфрлат од употреба, најпрво со преполовување на дозата за секој оброк, потоа со употреба на капките со алтернативни оброци, а потоа само еднаш во денот при еден оброк пред целосно да се исфрлат од употреба.
Состав: лактаза ензим, глицерол, вода.