Терапевтски индикации на Ибутоп Акут
Ибутоп Акут се употребува:
– при лесна до умерена болка (главоболка, мигренозна болка, забоболка, менструална болка)
– при грозница (покачена телесна температура)
– за симптоматски третман на болка и воспаление кај пациенти со
* акутно воспаление на зглобовите (акутен артритис), вклучувајќи напад на гихт
* хроничен артритис, особено ревматоиден артритис (хроничен полиартритис)
* анкилозен спондилитис (Bechterew-ова болест) и други воспалителни ревматски заболувања на ‘рбетот
* иритација од дегенеративни заболувања на зглобовите и ‘рбетот (остеоартритис и спондилоартритис)
* воспалителни ревматски заболувања на меките ткива
* болни отоци и воспаление по повреда или операција