НАКСИЛ ФОРТЕ содржи активна материја ацетилцистеин. Ацетилцистеинот ја разградува густата, леплива слуз во респираторните патишта и таа станува поразредена што овозможува нејзино полесно искашлување.
Наксил форте шумливите таблети можат да се користат при лекување на болести на респираторните патишта како астма, бронхитис (воспаление на слузницата на душникот), емфизем (зголемување на воздушните простори и губење на еластичноста на белите дробови), муковисцидоз (цистична фиброза) и бронхиектазија (трајно проширување на делот на цевката на душникот на кој таа се разгранува).
Состав: една шумлива таблета содржи 600mg ацетилцистеин.