НАКСИЛ содржи активна материја ацетилцистеин. Ацетилцистеинот ја разградува густата, леплива слуз во респираторните патишта и таа станува поразредна што овозможува нејзиниот полесно искашлување.
Наксил шумливите таблети можат да се користат при лекување на болести на респираторните патишта како астма, бронхитис (воспаление на слузницата на душникот), емфизем (зголемување на воздушните простори и губење на еластичноста на белите дробови), муковисцидоза (цистична фиброза) и бронхиектазија (трајно проширување на разгранувањето на душникот).
Состав: една шумлива таблета содржи 200mg ацетилцистеин.