Becutan инстант чај од сладок анасон и од цвет од камилица
Опис: Слаткиот анасон и камилицата имаат карминативно и спазмолитично дејство. Тие го стимулираат лачењето желудочен сок и ја подобруваат перисталтиката, со што го подобруваат варењето на храната. Воедно, го помагаат и отстранувањето гасови од системот за варење, при што се намалува надуеноста на цревата и се смируваат грчевите. Цветовите од камилица, заради компоненти што ги содржат во етеричното масло, имаат и противвоспалително и антимикробно дејство. На камилицата и се припишуваат и својство за олеснување на искашлувањето, а исто така, таа дејствува благопријатно и при несоница и при состојби на вознемирност.
Состав: 100g инстант чај содржи 0,03g етерично масло од сладок анасон (foeniculi aetheroleum) и екстракт од 4g плод од сладок анасон (foeniculum vulgare var. dulce mill.) 0,23g екстракт од цветови од камилица (chamomilla recutita (L) rausch.syn. matricaria chamomilla L) 36g гликоза 59g caxapoza I 0,15g малтодекстрин.