Здравје

Што се Омега-3 масни киселини и зошто се потребни?

omega-3

Нашата исхрана има директно влијание врз нашето здравје. Омега-3 масните киселини тука имаат особено значење. Ги има во специјалните растителни масла, јаткастите плодови и пред сè, во нивната најефективна форма, во морската риба.

Одлични се за функцијата и развојот на нервниот систем, производството на хормони, го штитат нашето тело од срцев и мозочен удар, но што всушност се омега-3 масните киселини?

Што се омега-3 масните киселини?

Да почнеме од самиот почеток и концептот на масти. Мастите имаат различни нивоа на заситеност, па затоа постојат заситени, мононезаситени и полинезаситени масни киселини. Два типа полинезаситени масни киселини се сметаат за есенцијални, а тоа се омега-3 масни киселини и омега-6 масни киселини.

Континуираното внесување на омега-3 масни киселини позитивно влијае на борбата против слабата меморија, депресијата, слабата циркулација, замор, сува кожа, кардиоваскуларни проблеми и др.

Омега-3 масните киселини го намалуваат бројот на триглицериди за дури 15-30%, намалувајќи го формирањето на тромбови, односно згрутчување на крвта, намалување на воспаленијата и воспалителните процеси во организмот. Затоа, омега-3 масните киселини во храната се наш сојузник за добро здравје. Но, која храна ги содржи овие важни масни киселини?

За да ги надоместите омега-3 масните киселини, треба да ги вклучите следните намирници во вашата секојдневна исхрана: риба (скуша, лосос, харинга, пастрмка, туна, сардина), авокадо, јајца, јаткасти плодови (бадеми, ореви), ленено семе, маслиново масло, лиснат зеленчук.

Зошто е важно трудници да земаат омега-3 додатоци во исхрана?

Омега-3 е суштински важно соединение за правилен раст и развој на мозокот кај децата. Податоците покажуваат дека бебињата кои се хранат со млечна формула базирана на DHA имаат многу подобро развиен мозок, но и вид. Од друга страна, омега-3 масните киселини влијаат на спречување на заостанување во развојот, како и на можноста за развој на церебрална парализа или аутизам. Токму поради оваа причина е важно мајките, уште во текот на бременоста, да ја прилагодат исхраната и дополнително да користат суплементација.

Генерално се препорачува да се внесуваат помеѓу 1000 mg и 3000 mg дневно. Неопходно е да се земаат во поделени дози со храна. Најдобро би било да се консултирате со вашиот фармацевт за тоа како да земате омега-3 капсули, откако ќе му кажете колку од овие масни киселини навистина се присутни во вашата исхрана. На тој начин ќе ја пронајдете вистинската доза за вас.

Рибиното масло може да се користи сосема безбедно заедно со други лекови поради неговите добри својства. Сепак, долготрајната употреба на рибино масло може да ги намали резервите на витамин Е, па затоа треба да се грижите за неговиот соодветен внес (200 IU на ден).

Додатоци во исхрана

Во асортиманот на производи во Аптеки Бруно можете да најдете различни производители кои диктираат различни цени, но ние секогаш многу темелно ги избираме сите производи што ќе се најдат во нашите аптеки.

Ви ги препорачуваме OMNIKUM OMEGA-3, додаток во исхрана во форма на капсули кои содржат рибино масло 1400mg. Една капсула во својот состав содржи  EPA – 504 мг и DHA – 378 мг, Витамин Е – 2 mg. Маслото е добиено од рибите од чистите и ладни води на Тихиот Океан. Овие риби содржат поголема концентрација на Омега 3 и во исто време се помалку изложени на загадување од ониe риби кои живеат во плитки води. Како и Fortex Omega-3 кои содржат 1000 mg концентрирано рибино масло од лосос, со 180 мг  ЕРА, 120 мг DHA незаменливи незаситени масни киселини и 10 мг витамин Е.

Related Posts