Екстрактот од листот на билката Ginkgo biloba содржи бројни активни соединенија (флавоноидни хетерозиди, гинколиди и билобаиди) кои ја подобруваат флуидноста на крвта и микроциркулацијата. Со тоа се зголемува дотокот на кислород и хранливи материи до мозокот што е од посебна важност кај постарите лица кај кои е намален капацитетот за нивно искористување. Поради тоа овој екстракт има изразито поволен ефект на процесот на памтење и способноста за концентрација. Активните состојки на екстрактот од гинкго ја стимулираат циркулацијата, се препорачуваат кај пореметувањата со периферната циркулација следени со чувство на студ во ектремитетите, болки и грчеви во нозете – посебно во текот на чекорењето. Екстрактот од гинкго има антиисхемично, антиедематозно, антиагрегациско, антиоксидативно и антиинфламаторно својство, па оттука овој екстракт има изразен невро и кардиопротективен ефект.
Дејство
Подобрува микроциркулација (ладни раце и нозе)
– Подобрува памтење, внимание и концентрација
– Намалува ризик од настанување на мозочен удар и инфаркт на миокардот
Гинкгобил се препорачува кај:
– Кај ослабен ментален капацитет, намалена концентрација и внимание, намалено памтење особено кај луѓето во постара доба
– Кај зголемени интелектуални напрегнувања
– Во превенција на мозочен удар и срцев инфаркт
– кај слаба циркулација во нозете, интермитентна клаудикација
– кај вртоглавици и зуење во ушите од васкуларно потекло
– кај слаб вид како резултат на пореметување во микроциркулација на окото
– како ефикасен природен антиоксиданс
Состав: 1 капсула содржи 80 mg стандардизиран сув екстракт од лист од Ginkgo biloba.