Парацетамолот ја намалува болката и ја намалува покачената телесна температура. Кофеинот го потпомага дејството на парацетамолот врз ублажувањето на болката. Аскорбинската киселина е неопходен витамин за луѓето и е вклучена во имунолошкиот одговор на организмот. Хлорфенираминот е антихистаминик кој ги намалува отокот на носната слузница и секреција од носот, со што се олеснува дишењето на нос. Наменет е за лекување на вообичаените симптоми на настинка и грип како главоболка, болки во телото и секреција од носот, надразителна кашлица. Доведува и до намалување на покачена телесна температура.
Состав: Една филм обложена таблета содржи 200mg парацетамол, 150mg аскорбинска киселина 25mg кофеин и 2.5mg хлорфениламин малеат