Медицинско средство, формулирано на база на водороден пероксид.
Се користи за испирање на ушниот канал, за омекнување и отстранување на ушниот восок, како и формираниот церуминозен чеп. Водородниот пероксид во контакт со кожата ослободува насцентен кислород предизвикувајќи ефервесценција, која механички го фрагментира ушниот восок (што се манифестира како “потпукнување во уво”, што е доказ за ефикасноста на препаратот).
Дополнително, ослободениот насцентен кислород од водородниот пероксид делува антисептично, што придонесува за превенција на инфекции на надворешниот ушен канал. Со користење на Oto Perfect Aqua Clean спреј растворот за уво, надворешниот ушен канал се чисти, се намалува нелагодноста и ризикот од настанување на инфекции.
Употреба на Oto Perfect Aqua Clean спреј растворот за уво се препорачува:
– За одржување на хигиена на увото
– Кај особи кои имаат природна склоност кон прекумерно создавање на церумен
– За отстранување на формираниот церуминозен чеп
– Кај особи кои носат слушни апаратчиња или често носат слушалки
– За испирање на увото непосредно пред примена на лекови за аурикуларна примена