CuraProx Ви го претставува новитетот – црна паста за бели заби, која без абразивни честички и хемиски состојки за белење, ги отстранува пигментациите од забите. За побела насмевка, наместо штетните хемиски состојки, се погрижи активниот јаглен, кој и го дава посебно црниот изглед и боја на пастата.
Клучна состојка
Активен јаглен
Активниот јаглен ви ги впива и нежно ги отстранува пигментациите од забите а притоа не ја оштетува забната глеѓ.
Други важни состоки
Натриум флуорид
Натриум флуорид ја штити глеѓта на забот и ја прави поотпорна на киселинските влијанија. Учествува во реминерализацијата на забите, го успорува развојот на штетните бактерии во забните наслаги и штити од настанувањето на кариес. Пастата за заби White is Black содржи 950 ppm натриум флуорид.
Нанохидроксилапатит
Нанохидроксилапатит има заштитна функција. Бидејќи има слична структура како забната глеѓ, правеќи обвивка на забите придонесува за дополнителна реминерализација и заштита на забите.
Ензими
Пастата за заби содржи ензими кои ја зголемуваат одбранбената мож на плунката и го зајакнуваат нејзиното антибактериски и антивирусно дејство. Дополнително штити од настанување на кариес и помага во отстранување на чувството на сува уста.
Prestige Sparkling Blue
Ефикасниот Prestige Sparkling Blue на површината на забите создава филм, кој оптички ги намалува пигментациите и забите ги прави побели, без штетни хемиски супстанци.
Етерични масла
Црната паста за заби Black is White како и White is Black содржат мало количество етерични масла. Преголемата количина на етерични масла може лесно да ја надразнат оралната слузокожа.
Низок абразивен фактор
Степенот на абразивниост од 50 РДА е понизок од повечето пасти за заби, кои се почесто содржат абразивни состојки, на пример како што се кредата, силикати, памза или бетонит. Истите во пастите за заби се несакани, бидејќи при отстранувањето на наслагите од забите ја оштетуваат забната обвивка (глеѓта). Резултат се абразии – оштетување ан забната глеѓ.
Без штетни состојки
При изборот на производи за одржување на оралното здравје, се препорачува да се провери што тие содржат. Исто така важно е и тоа што и не го содржат. Во пастите за заби на Curaprox Black is
White и White is Black нема да најдете состојки кои се штетни, а кои се почесто се употребуваат во пастите за заби:
– средство за бенење SLS (натриум лаурилсулфат)
– триклосан
– средство за белење
– пластични честички