Неофен пероралната суспензија е наменета за лекување на деца постари од 3 месеци односно на телесна маса поголема од 5kg. Можат да ја користат и возрасни кога од било која причина не можат да земат таблета.
Неофен е наменет за краткотрајна примена кај следниве ситуации
-намалување на зголемена телесна температура
– резултат на обична настинка и грип
– реакција на примена вакцина
– ублажување на благи до средно силни болки од различно потекло
– болки како резултат на обична настинка и грип
– болки од повреди
– болки во забите или болка при никнување на заби
– менструална болка
– болки од ревматско потекло

