Активна супстанција на овој лек е нафазолин хидрохлорид, кој спаѓа во групата лекови наречени локални вазоконстриктори. Тие ги стеснуваат крвните садови во окото, со што се намалува црвенилото и отокот. Лекот Прокулин капки за очи може да го користите ако имате: конјуктивална хиперемија (лекот привремено ги намалува симптомите – црвенило и чешање, предизвикани од расзлични иританси како што се прашина, чад, смог, студенило, ветер, сонце, пливање, употреба на контактни леќи, работа со предмети во близина на очите.
– алергиско воспаление на очите предизвикано од полен, трева, животински влакна и др.
Состав: активна супстанција: нафазолин хидрохлорид, 1ml раствор содржи 0.3mg нафазолин хидрохлорид.

